Алтернатива: Честитки за Пендаровски, европската иднина е загарантирана
„Државата, овој пат, го положи испитот на демократската зрелост, а овој процес беше еден вид потврда дека оваа влада има капацитети да организира праведни и уредни избори, за кои веруваме дека ќе бидат вреднувани и од релевантните меѓународни институции и ова ќе се валоризира и во одредување на датумот за отворање на преговорите за членство во ЕУ“, рече Гаши и му ја честиташе победата на Стево Пендаровски на изборите за претседател на државата.