РК „Вардар“ по трет пат во фајнал фор од Лигата на шампиони
Избраниците на тренерот Роберто Парондо заслужено одат во Келн и покрај поразот од 29:25. Унгарскиот претставник веќе по првото полувреме ја анулира негативата од Скопје (17:9), но вардарци со одлична игра во второто полувреме стигна до уште еден „фајнал фор“.
Покрај Вардар, за трофејот во Келн ќе се борат Барселона, Киелце, и Веспрем.