Археолози тврдат дека пронашле влез во подземниот свет на Маите
Предводничката на тимот, Магдалена Крземиен тврди дека водата имала посебно симболично значење во митологијата на Маите.
„Тие верувале дека тоа е врата кон подземјето, светот на смртта – Сибалба, каде што живеат нивните богови, рече таа. Еден од артефактите, односно предметите кои Маите ги спуштале во езерото како дар за боговите, е посебен нож што најверојатно се користел за убивање на луѓето. Пронајдени се и керамички предмети, како и делови од камени скулптури, што најверојатно укажува на конечното уништување на цивилизацијата на Маите“, нагласуваат научниците.