Бугарскиот претседател Радев му честиташе на Пендаровски
Радев му посака успех и храброст на новоизбраниот претседател во период, како што наведе, во кој на Северна Македонија и претстои да исполни важни задачи на патот за членство во Европската Унија и НАТО.
Радев нагласи дека Бугарија останува конзистентен поддржувач на европерспективите на Северна Македонија.