Општината ќе стопанисува со паркинзите, наместо приватен концесионер. За одлуката гласаше само советничкото мнозинство предводено од СДСМ. Опозицијата се жали дека власта ја злоупотребува нивната конструктивност, а за одлуката не гласаа ни советниците од независната група „Поинаку“.