Притвор за работникот осомничн за убиство на својот шеф во тетовско
По вчерашниот настан, работникот е приведен, а по извршениот увид и разговор со него во полициска станица, СВР Тетово до обвинителството достави кривична пријава за убиство.
Судија во претходна постапка му одредил мерка притвор од времетрање од 30 денови, соопшти денеска СВР Тетово.
Според првичните податоци од увидот на местото и разговор со вработените, на убиството му претходела расправија и физичка пресметка. Работникот со камен неколку пати го удрел и го усмртил сопственикот на расадникот, кој бил Холанѓанец.
Холандскиот државјанин пред десетина години,како концесионер на имотот на агрокомбинатот Борец ја започнал работата на расадникот „Еуроплантс“.