Хјуман Рајтс Воч бара ослободување на притворени активисти во Иран
Хјумант Рајтс Воч ги повика иранските власти веднаш да ги ослободат активистите за работнички права и новинарите кои беа притворени на протестите за прославата на Денот на трудот во Техеран.
Во соопштението се наведува дека властите треба да им дозволат на активистите да ги остварат своите права на мирен собир и да ги сослушаат нивните барања, наместо да ги апсат. Најмалку 35 демонстранти и двајца новинари беа притворени на 1 мај пред зградата на Парламентот.