Германија е загрижена поради тензиите на Блискиот исток
Германската влада изрази загриженост во врска со тензиите на Блискиот Исток меѓу САД и Иран, а во исто време ги поздрави сите мерки насочени кон мирно решавање. Портпаролката на министерството за надворешни работи, Марија Адебахр изјави дека Германија има одредени сознанија дека постои ризик од напад што би бил поддржан од Иран, но тоа не значи дека програмата за воена обука нема да продолжи во иднина. Таа додаде дека и покрај тензијата, германската влада не го намалила својот персонал во амбасадите во Ирак и Иран. Соединетите Држави веќего намалија бројот на вработени во својата амбасада во Багдад, како и во конзулатот во Ирбил.