Џихадистите убија најмалку 17 војници во Нигерија
Вооружени напаѓачи убија најмалку 17 припадници на армијата на Нигерија во близина на границата со Мали, а уште 11 војници се исчезнати, изјави портпаролот на владата Абдурахан Закарија.Нападот се случил во близина на градот Тонго Тонго, каде што припадници на Исламска Држава убија четири припадници на американските специјални сили и четворица војници од Нигерија во заседа во октомври 2017 година.
Закарија не ги идентификуваше сторителите на нападот, кој се смета за еден од најсмртоносните против војската во западниот дел на Нигерија.
Џихадистите, вклучувајќи ги и членовите на Ал Каеда и Исламската држава, ги интензивираат нападите врз воените и цивилните цели во регионот Сахел во Западна Африка годинава, особено долж границата меѓу Нигер, Мали и Буркина Фасо.