Инаугурацијата на новиот претседател на Украина на 20 мај
Инаугурацијата на новиот украински претседател Володимир Зеленски ќе се одржи на 20 мај. Речиси сите пратеници или 315 гласаа церемонијата да се одржи на тој датум, само двајца беа против.
Претходно пратениците не прифатија инаугурацијата да се одржи на 19 мај како што предлагаше Зеленски, кој на изборите го победи Петро Порешенко со освоени повеќе од 73 отсто од гласовите.