Трамп прогласи вонредна состојба за заштита на телекомуникациите
Наредбата не таргетира одредена компанија, но на неа се гледа како на обид да се спречи кинескиот гигант Хуавеи да влезе на американскиот пазар. САД и други земји изразија загриженост дека производите на Хуавеи може да бидат искористени за надзор од Кина. Хуавеи ги негира обвинувањата и соопшти дека ограничувањето ан бизнисот во САД ќе им штети на купувачите и компаниите.