Османи: Промените во Владата согласно фокусот на економските прашања
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека најавените кадровски промени во извршната власт ќе значат подобрување на капацитетите во однос на зајакнување на политиките поврзани со економските прашања. Според него, промените ќе следуваат по средбата на лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети.
“Очекуваме деновиве да се оствари тематска средба за потребите од зајакнување на капацитетите на Владата во поглед на фокусот на економските прашања дека ги затворивме политичките теми. И двајцата лидери на коалицијата имаат свој концепт како треба да се зајакнат тие капацитети и треба да седнат и да донесат конкретни одлуки“, истакна Османи кој одржи предавање на Унивезритетот на Југоисточна Европа.
Османи најави и дека по средбата на Заев и Ахмети и партиските тела ќе дебатираат по истите прашања.