Киргистан со нов закон за кривично гонење на екс претседатели
Киргистанскиот претседател Соронбаи Јиенбеков го потпиша законот со кој може да бидат кривично гонети поранешни шефови на државата. Според новиот закон, поранешните претседатели го задржуваат имунитетот, но тие може да бидат обвинети доколку го загубат нивниот статус.
Парламентот може им му го одзеде статусот на екс претседателите доколку тие се осомничени за сериозни кривични дела. Не е јасно во законот што спаѓа под сериозно кривично дело.