Украинска рок ѕвезда формира партија пред парламентарните избори
Украинската рок ѕвезда Свјатослав Вакарчук најави дека ќе формира политичка партија пред парламентарните избори во земјата. Тој истакна дека ќе биде лидер на партијата Холос (Глас) на изборите, бидејќи Парламентот се претворил, според него, во токсично мочуриште кое ја исцрпува иднината ан земјата.
„Ние треба да го промениме тоа“, им порача 44 годишниот Вакарчук на неговите поддржувачи во Киев, додавајќи дека неговиот тим ќе биде обединет за нула толеранција на корупцијата, ќе ја поддржува слободната економија и ќе го одбива мешањето на Русија во внатрешните работи на Украина и ќе се залага за евроатланска интеграција.
Вакарчук е лидерот на најуспешната рок група Океан Елзи и е политички активист. Тој ја поддржуваше и Портокаловата револуција во 2004 и 2005 година, а стана пратеник во 2007, но се повлече една година подоцна.