Талибанци нападнале воени пунктови во Авганистан
Најмалку шест авганистански војници загинале во нападите на Талибанците врз два воени контролни пунктови на југот на земјата, соопштија авганистанските власти. При нападите се повредени уште шест војници. Како одговор на нападите авганистанските воздухопловни сили нападнале неколку талибанските скривалишта во јужниот дел на земјата, при што загинале 37 милитанти, тврди Министерството за одбрана на Авганистан.
Талибанците продолжија со нападите врз авганистанските и странските војници и покрај одржувањето неколку мировни разговори со САД во Катар. Страните постигнаа напредок, но не постигнаа конечен договор за завршување на војната.