И во Србија ќе се слави Ден во чест на Кирил и Методиј
Владата на Република Србија на денешната седница го усвоила Предлог-законот за дополнување на Законот за државни и други празници со кој предлага 24 мај да биде нов празник – Ден на Кирил и Методиј.
Со овој празник ќе се одбележува Денот на словенската писменост и култура, кој го втемелија словенските просветители Кирил и Методиј, основачите на словенската книжевност и креаторите на првото словенско писмо – глаголицата, соопштуваат од Кабинетот за соработка со медиумите на српската Влада.