Холандија, Шведска и Австралија фаворити на Евровизија
За настап на Евровизија учесниците од повеќето земји поминаа низ претходна конкуренција за да се квалификуваат за финалето, додека пет европски земји - Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Шпанија - како и земјата домаќин Израел добија директно учество.
Македонската претставничка Тамара Тодевска се квалификуваше за учество на Евровизија за време на полуфиналето, заедно со Русија, Белорусија, Србија и Азербејџан.
Евровизија првпат беше одржана во 1956 година, со цел обединување на Европа по Втората светска војна, но годинашниот настан во Тел Авив предизвика загриженост меѓу приврзаниците на Израел и палестинските поддржувачи. Палестинците планираат алтернативен настан наречен Глобалвизија, кој ќе се одржи во исто време.