Собранието повторно ги усвои законите за правосудството и за прекин на бременоста
"Со Законот за прекинување на бременоста, не само што се враќа правото на жената на самостојна одлука туку и се обезбедува безбеден абортус, што не беше случај во минатото. Усвоените закони за Судски совет, за управните спорови и за судови се дел од реформите во судството кои се нужни." велат од СДСМ
Освен зајакнување на правосудниот систем со овие закони се постигнува напредок во реформскиот процес, важен за евроинтегративниот процес на државата, дополнуваат од СДСМ.