Стоилковски: Богоевски да направи тест за наркотици и да поднесе оставка
„Аферата Половина грам Кокаин каде главен лик е Павле Богоевски е многу сериозна а власта си игра играчки! Полицијата и обвинителството мора да започнат сериозни истраги: со кои се трговци и криминални структури Павле Богоевски бил во контакт и со кои пак тие биле вмрежени? Потоа, во кои се и во какви се класифицирани документи Павле Богоевски имал увид и сознанија како пратеник кој што поседува безбедносен сертификат“, рече на прес-конференција партискиот портпарол Наум Стоилковски.
До неговата изјава доаѓа откако вчера претседателот на Собранието Талат Џафери ја доби и ја разгледа Иницијативата од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, а која се однесува на барањето за доброволно тестирање на пратениците во Собранието од наркотици.
Од собраниската прес-служба информираа дека во Законот за пратеници, во Деловникот за работа на Собранието и во Уставот на државата, нема правен основ според кој Претседателот и Собранието би можеле да ја реализираат Иницијативата на Независната пратеничка група.