Рането момче во Северна Митровица
Тој е во болница и моментално е надвор од опасност. Веста за Радио Слободна Европа е потврдена од заменик-регионалниот директор на Косовската полиција за северниот регион Бесим Хоти.
Мотивот за пукањето сè уште е непознат. Болницата испрати итно барање за да обезбеди крв за ранетиот млад човек.