Јоко Видодо реизбран за претседател на Индонезија
Индонезискиот претседател Јоко Видодо кој беше реизбран на изборите минатиот месец, освоил околу 55 отсто од гласовите, соопшти државната изборна комисија. Видодо го победи пензионираниот генерал Прабово Субианто.
Комисијата требаше да ги објави официјалните резултати утре, но поради стравувањето од потенцијални немири и протести, тие беа соопштени ден порано. Субианто најави дека ќе ја оспори победата на Видодо, поради наводни нерегуларности на гласањето и предупреди дека тоа може да предизвика и протести низ земјата која има околу 260 милиони жители.