Регулаторна очекува поефтини горивата со новата методологија
Регулаторната комисија за енергетика од следниот понеделник ќе ги утврдува цените на нафтените деривати по новата методологија. Од комисијата најавија дека новата медотологија ќе биде донесена во текот на овие два дена и посочија дека со неа очекуваат цените да бидат пониски од оние кои биле одредувани со старата методологија. Според новите правила најбитни елементи во одредувањето на цените ќе бидат движењата на цените на секој дериват одделно на светските берзи и курсот на доларот.
Од РКЕ велат дека наместо на 14 како досега, цените ќе се определуваат на седум дена, со цел да се намали ризикот на трговците, а маржатаќе биде под 4,8 денари.