Зеленски со декрет распиша предвремени избори во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде декрет за распуштање на Парламентот и одреди датум за парламентарни избори за 21 јули. Зеленски веднаш по неговата инаугурација го распушти Парламентот.
Во неговото обраќање пред пратениците при преземањето на функцијата тој повика и на оставка од државниот обвинител Јуриј Луценко, министерот за одбрана и шефот на тајната служба.