Австриската полиција приведе 14 Балканци за трговија со дрога
Полицијата во Австрија приведе 14 осомничени лица од Балканот и заплени дрога во вредност од 8,6 милиони евра. Кај приведените биле пронајдени околу 112 килограми кокаин, 71 килограм амфетамини и 19 килограми марихуана.
Полицијата соопшти дека станува збор за мафијашки огранок, чии врски досегнуваат до Јужна Америка, од каде што го набавувале кокаинот.
Истрагата ширум Европа, под раководство на австриската полиција, уште во 2017 година влезе во трагата на оваа српско-црногорска група, која ја следеле со месеци.