Ердоган повика на национално единство во Турција
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика пратениците, политичките партии и целата нација да се обединат против сите закани, напади и стапици врз земјата.
„Го повикувам секој еден од нашите 82 милиони граѓани да го заштити заедничкиот интерес на Турција“, рече Ердоган во обраќање пред пратениците на вечера во Парламентот.
Тој додаде дека политичката конкуренција не треба да го спречува обединувањето во земјата.