Столтенберг и Североатланскиот Совет во посета на Скопје во јуни
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и Северноатлантскиот Совет на 2 и 3 јуни ќе ја посетат Северна Македонија. Тие ќе имаат средби со државниот врв во врска со процесот на пристапување на земјата во Алијансата.
Ова е прва посета на Столтенеберг и високи претставници на НАТО на Скопје по потпишувањето на протоколот за членство на земјата во Алијансата, што досега го ратификуваа 13 од 29 земји- членки.
По ратификацијата од страна на сите сојузници, земјава и официјално ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО. Северноатлантскиот совет е главно политичко тело кое ги носи одлуките во НАТО.