Џафери со државна делегација во посета на Рим во чест на Св. Кирил
Претседателот на Собранието Талат Џафери, на 24 мај ќе ја предводи државната делегација за одбележување на традиционалната манифестација „Македонија во Чест на Св. Кирил“, во Светата столица во Рим.
Џафери ќе биде придружуван од пратениците Јован Митрески, Никола Мицевски, Ејуп Алими, Ирена Стефоска, Крсто Мукоски, генералниот секретар Цветанка Иванова, вицепремиерот Кочо Анѓушев, заменик министерот за култура Владимир Лазовски, државниот секретар во МНР Виктор Димовски и директорот на Комисијата за односи со верски заедници, Даријан Сотировски.
Државната делегација ќе присуствува на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква во Ватикан, по што Џафери ќе има средба со папата Франциск и со државниот секретар на Светата столица кардиналот Пјетро Паролин. По аудиенцијата ќе следат низа настани за одбележување во чест на Св. Кирил.