Пендаровски се сретна со шефот на мисијата на ОБСЕ
Пендаровски истакнал дека земјата е целосно посветена на реформската агенда и очекува натамошна успешна соработка со ОБСЕ во реализацијата на активности во повеќе области од интерес на напредокот на државата, особено во областа на владеење на правото.
Пендаровски посочил и на улогата и придонесот на мисијата на ОБСЕ / ОДИХР во изборните процеси во изминатите години, вклучувајќи ги последните претседателски избори. Која упатил честитки до Пендаровски за стапувањето на функцијата и ја истакнал натамошната подготвеност на ОБСЕ да соработува со институциите в оземјата.