Турција се подготвува за евентуални санкции од САД
Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави денеска дека Анкара се подготвува за потенцијалните санкции на САД поради купувањето на ракетниот одбранбен систем С-400 од Русија.
САД бараат Турција да се повлече од купувањето на С-400, а и НАТО сојузниците изразија загриженост околу потенцијалната закана на рускиот ракетен систем за борбените авиони Ф-35.
Вашингтон ја предупреди земјата дека ќе воведе финансиски казни. Акар порача и дека има приближување во ставовите за прашањето меѓу Турција и САД. Но, наведе и дека турските војници веќе се обучуваат за ракување со одбранбениот систем.