Генерал-потполковник Ѓурчиновски на дискусија за стратешките прашања на НАТО
![Генерал-потполковник Ѓурчиновски на дискусија за стратешките прашања на НАТО](https://gdb.rferl.org/697045EF-1871-46F0-8E17-0F5E9E063C10_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Во седиштето на НАТО во Брисел денеска се одржува 181-то заседание на воениот комитет на Алијансата во формат на началници на генералштабови, на кој учествува началниокот на Генералштабот на македонската Армија, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, соопшти Генералштабот.
Во соопштението се вели дека на дискусијата на првата сесија на заседанието, првите луѓе на армиите биле информирани за клучните стратешки прашања со кои се соочува НАТО.
На заседанието се разговара и за планови и насоки од воен аспект за понатамошно дејствување и се донесуваат препораки кои понатаму се разгледуваат на состаноци во во формат на министри за одбрана, од кои следниот е во јуни, информираат од Генералштабот.
„Учеството на првиот човек на Армијата на сите сесии од заседанието на воениот комитет на НАТО е значајно од аспект што првпат имаме можност на иста маса со сите 29 членки на НАТО да ги проследиме дискусиите за сите крупни прашања на безбедноста во светски рамки“, се вели во соопштението.