Кривична за екс претседател и членови на Регулаторна комисија за енергетика
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал денеска поднесе кривична пријава против поранешен претседател и тројца членови на Регулаторна комисија за енергетика за злоупотреба на службена положба и овластување.
Тие се осомничени дека на три фирми им доделиле лиценци за вршење на енергетски дејности без притоа да бидат исполнети условите и критериумите. Потоа, донеле и одлуки со кои на фирмите им се признавал трошок поголем од дозволениот и со тоа оствариле поголем приход од дозволениот.
На ваков начин, како што наведува соопштението на МВР, овозможиле фирмата Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ да оствари противправна имотна корист во износ од 6.659.349 евра.