Трамп до Пелоси: „Не кријам ништо“
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го отфрли обвинувањето на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот Ненси Пелоси, која претходно соопшти дека Трамп бил вклучен во „прикривање.“ „Јас не ги кријам работите“, изјави Трамп.
Трамп исто така рече дека нема да соработува со демократите на големиот инфраструктурен предлог поради „лажните“ истраги кои се спроведуваат во Конгресот. Републиканскито претседаел додаде дека е вознемирен поради тоа што демократските претставници разговарале за негово отповикување пред состанокот за инфраструктурата.