Стратегијата на ЕУ со насоки за земјите од Западен Балкан
Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан денеска во Стразбур ќе ја претстават Стратегијата за проширување на Европската унија на Западен Балкан.
Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан денеска во Стразбур ќе ја претстават Стратегијата за проширување на Европската унија на Западен Балкан.
Литванската претседателка Далија Грибаускајте изјави дека Русија за постојано распоредила во својата енклава Калининград проектили способни да носат нуклеарни боеви глави. Според неа, станува збор за распоредување на проектилите „Искандер“ кои, како што рече, се закана не само за Литванија, туку и за „половина европски земји“. Претседателот на Одборот на рускиот парламент за одбрана Владимир Шаманов, го потврди распоредувањето на ракетите, додавајќи дека тоа е одговор на зголемувањето на силите на НАТО во близина на границите на Русија. Читать дальше...
„Таа“ ( или „SHE“) е насловена изложбата на младиот уметник Давор Кешќец, што од 1 до 11 февруари се одржува во Галеријата на Младински културен центар во Скопје. Станува збор за негово трето самостојно претставување пред ликовната публика и за поставка „инспирирана од жестината и мистичноста на рокенролот и љубовта“.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини демократите дека биле „неамериканци“, а можеби и предавници, бидејќи не му аплаудирале во текот на говорот за состојбата на нацијата. Во говорот во индустриската населба Блу Еш во Охајо, тој изјави дека демократите во минатата недела испратиле „лоша енергија“ и оти не му ракоплескале дури и на добрите економски вести. „Дали тоа да го наречеме предавство? Зошто не?“, запраша Трамп додавајаќи: „не изгледаше дека тие нешто посебно ја сакаат својата земја“. Читать дальше...
„Очекуваме од Скопје, конечно да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име и да им го објасни тоа на граѓаните“. Ова го изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за Eуроњуз на грчки јазик. „Грчката влада презеде одговорност да каже јавно дека сака промена на името и дека ова име ќе биде сложено за сите употреби со конкретна одредница и излеговме јавно и кажавме дека во ова име ќе биде вклучен и терминот „Македонија“. Ние си ја завршивме нашата работа. Читать дальше...
Европската комисија денеска ќе ја објави стратегијата за проширување на Европската унија на Западен Балкан во која се наведува дека сите земји во регионот имаат можност да напредуваат на европскиот пат врз основа на сопствени заслуги и брзината со која ќе ги остварат реформите. Документот во Стразбур ќе го претстават високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан по што ќе следи расправа во Европскиот парламент. Стратегијата ќе им биде упатена на земјите членки... Читать дальше...
Адвокатите на американскиот претседател Доналд Трамп го советувале да не оди на разговор кај Роберт Мулер специјалниот советник кој го истражува можниот заговор меѓу Русија и изборниот штаб на Трамп за да се влијае врз претседателските избори во 2016 година. Ова го пишува Весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се неколку добро информирани извори.
Светските берзи вчера забележаа загуби, а американскиот индекс Дау Џонс загуби дури 4,6 насто од вредноста. Новинските агенции јавуваат дека падот на индексите на Вол Стрит започнал во петокот, поради загриженоста на инвеститорите дека поголема инфлација и камати би можело да го забават економскиот раст. И во Европа најзначајните берзански индекси беа во црвено, главно поради чекањето на резултати од преговорите за новата германска влада.
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи смета дека 2018 е година кога треба да се реши спорот со Грција за името, оти веќе следната година настануваат нови околности, чиј исход не може да се предвиди. „Коцките се наместени, треба да се најде решение и тоа да се материјализира во конкретни чекори. Во 2019 коцките се изместуваат. Причините за јасни. Во 2019 година цела Европа е на избори за Европскиот парламент, Грција има избори и Македонија исто така, и тешко ќе биде и внатре во државите да најдеме можност за решение. Читать дальше...
Во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. На југоисток ќе има повремено зголемена облачност и услови за појава на слаб локален дожд. Температурата ќе се движи од 4 до 14 степени. Во Скопје и околината слично време се температура до 11 степени.