Грчките судии ја обвинуваат власта дека се меша во истрагите пред изборите
Грчките судии ја обвинија владата за обид за мешање во истрагите покренати пред претстојните избори, бидејќи се сомнева оти скандалите за корупција би можеле да влијаат врз предизборната кампања. Истраги се покренати против неколкумина официјални претставници, меѓу кои и поранешниот премиер Антонис Самарас и сегашниот гувернер на Народната банка Јанис Стурнарас. Истрагите се однесуваат на корупцискиот скандал во врска со швајцарската фармацевтска компанија Новартис.