Американецот обвинет за шпионажа во Русија денеска ќе биде изведен пред суд
Американецот Пол Вилан, кој е во притвор во Москва под сомнение за шпионажа, денеска треба да биде изведен пред рускиот суд. Вилан, кој е поранешен американски маринец, беше уапсен во Москва кон крајот на декември. Неговото апсење ги поттикна шпекулациите дека би можел да биде разменет за некои од Русите кои се во притвор во САД, како што е активистката за носење оружје Марија Бутина, која се изјасни виновна дека дејствувала како странски агент во САД. Адвокатите на Вилан бараат тој да биде пуштен да се брани од слобода... Читать дальше...