Ердоган во посета на Русија за Сирија
Рускиот претседател Владимир Путин денеска во близина на Москва ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за граѓанската војна во Сирија и натамошниот развој на руско турската соработка, соопшти Кремљ. Посетата на Ердоган доаѓа во време кога сириските владини сили вршат воздушни напади врз провинцијата Идлиб која е под контрола на бунтовниците и каде што Москва и Анкара имаат воспоставено демилитаризирана зона. Ердоган вчера изјави дека турските копнени сили наскоро би можело да влезат во Сирија.