Тачи: Полициската операција е за доброто на сите граѓани на Косово
„Во втората деценија на Република Косово нема да има место за организиран криминал и тие кои се бават со незаконски активности ќе завршат зад решетки. Денешната операција на полицијата во северно Косово е за доброто на сите граѓани, независно од нивната припадност и ја повикувам српската заедница на север да остане смирена и да ја поддржи борбата против организираниот криминал. Јакнењето на редот и мирот е од животно значење за еднаквоста на сите граѓани и го забрзува нашето движење кон процесите на евроатлантските интеграции“, напиша Тачи на Фејсбук.