Мы в Telegram
Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Март
2021

Новости за 10.03.2021

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот и бугарскиот јавен сервис ќе разменуваат програми

Македонската радио телевизија и Бугарската национална телевизија потпишаа меморандум за разбирање, со којшто на реципрочен начин ќе разменуваат вести, детски, музички, забавни, културни и образовни програми. Според директорите на јавните сервиси на двете земји целта е да се развијат пријателски односи и заемно корисна билатерална соработка. „Ќе продолжиме да правиме размена на програми од областа на туризмот, културата, образованието, музиката, на дневни информации и на вести. Ние, наскоро сакаме да отвориме и дописништво во Софија... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Влада: При набавка на софтверот не е прекршена ниту една процедура

Владата ги повикува надлежните институции вклучително и ДКСК да ги извршат сите неопходни проверки меѓу која и таа дали при обезбедување на софтверот за „определување на просечна брзина на возила во сообраќај и изрекување на казни“, се прекршени какви било процедури, правила, стандарди или е нарушен принципот за избегнување на конфликт на интерес, е наведено во денешното соопштение. Станува збор за софтвер кој Генералниот секретаријат на Владата го набавил пред 8 месеци од фирмата „Инвока Гроуп“ кој ниту е инкорпориран во системите на МВР... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Дебата во ЕУ за слобода на медиумите во Полска, Унгарија и Словенија

Потпретседателката на Европската комисија Вера Јоурова предупреди на „загрижувачки развој на настаните“ со слободата на медиумите во Унгарија, Полска и Словенија, додека пратениците во Брисел расправаа за темата на пленарна седница. Во обраќањето пред Европскиот парламент Јоурова го наведе отстранувањето на унгарската радиостаница Клубрадио од етерот, минатиот месец, кое беше критички настроено кон десничарската влада на премиерот Виктор Орбан. ЕК побара од Будимпешта продолжување на работата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Нови 913 случаи на корона, починати 16, а оздравени 351 пациент

Нови 913 случаи на Ковид-19 од направени 3.707 тестирања се регистрирани во изминатото деноноќие. Починати се 16 лица, а оздравени 351 пациент. Според податоците што ги објави Министерството за здравство, најголем број од новите случаи повторно се во Скопје- 440 лица. Од починатите, најмладиот е на 40-годишна возраст. Сите се починати во болнички услови. Најмногу од починатите се од Прилеп- седум пациенти. Од Скопје се починати шест пациенти. По еден починат пациент има од Гостивар, Гевгелија и Крушево. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Одложено судењето на соработничката на Навални

Судењето на адвокатката Љубов Собол на антикорупциската фондација на затворениот опозициски политичар Алексеј Навални е одложено заради технички проблеми. Окружниот суд во руската престолнина го започна судењето, но брзо забележа дека има „технички недостатоци во материјалите на случајот“ и го одложи рочиштето за 23 март. Собол е обвинета за незаконско присилно влегување во станот на роднина на офицерот на Федералната служба за безбедност Константин Кудријавцев. Доколку биде осуден, Собол се соочува со затворска казна од две години. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Путин и Ердоган ја поздравија изградбата на нов реактор на турската нуклеарна централа

Рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган денеска беа сведоци на започнувањето на изградбата на нов реактор на првата нуклеарна централа во Турција. Тие во живо преку видео врска го следеа поставувањето на третата единица на нуклеарната централа Акују во јужна Турција. Руската државна фирма за нуклеарна енергија Росатом ја гради централата во провинцијата Мерсин на турскиот медитерански брег. Двете земји потпишаа договор за соработка во 2010 година и започнаа со изградба... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Русија воведе ограничувања на Твитер

Руската Агенција за надзор на медиуми, Роскомнадзор, воведе ограничувања на Твитер со забавување на брзината на социјалната мрежа низ целата земја поради „неуспехот“ да се отстрани забранетата содржина. Според соопштението, мерката има за цел „да ги заштити руските граѓани од влијанието на незаконска содржина“ и агенцијата притоа се закани дека целосно ќе ја блокира социјалната мрежа доколку не постапи по нивните барања. Таквиот чекор доаѓа во време на напори за засилување на контролата врз социјалните... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Со Спутник V досега вакцинирани 116 лица во поликлиниката „Јане Сандански“

Во поликлиниката „Јане Сандански“ досега се вакцинирани 116 лица, информираат од здравствената установа за МИА. Во поликлиниката денеска почна вакцинацијата со руската вакцина Спутник V . Пунктот за вакцинација работи до 20 часот, а се чекува до крајот на денот да бидат вакцинирани околу 180 лица.  На скопскиот аеродром во неделата пристигнаа првите 3.000 дози од руската вакцина. Освен во поликлиниката „Јане Сандански“, процесот на вакцинација се одвива и во поликлиниката „Букурешт“ каде во тек е ревакцинација со вакцината на „Фајзер“. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Репортери без граници со препораки до Бугарија

Репортери без граници објавија 10 препораки за тоа како да се реши „тешката“ состојба на слободата на печатот во Бугарија, посочувајќи дека земјата се обидува да стимулира национална дебата за оваа витална работа пред изборите закажани за следниот месец. Изготвени со помош на бугарски експерти за медиуми, препораките се насочени кон сите политички партии и јавноста во земјата-членка на ЕУ по, како што се наведува, неуспехот на владата да ја направи слободата на печатот приоритет. „Слободата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Филипче: По укажувањата го сменивме каналот за набавка на кинеските вакцини

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ги демантираше тврдењата на италијанскиот весник „Ла верита“ за набавката на кинеските вакцини. Според него, имало обид набавката на вакцините да се изврши преку приватни фирми, но, се покажало дека тоа не е правилниот пат, по што крајната одлука била да се набават преку кинеската амбасада и кинеското МНР. „Апсолутно демантирам дека тоа е скандал или било што друго. Мислам дека е сериозен доказ дека се обидуваме апсолутно по сите канали да стигнеме до вакцините. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Чешкиот претседател бара смена на министерот за здравство поради руската вакцина

Чешкиот претседател Милош Земан повика да биде сменет министерот за здравство Јан Блатни бидејќи тој не брзал со издавање на дозвола за користење на руската вакцина Спутник V против ковид-19 во земјата. Блатни изјави дека вакцината треба да се користи во земјата само откако ЕУ ќе ја регистрира, додека Земан инсистира дека чешките власти треба да продолжат со вакцинирање со Спутник V. Во интервјуто за весникот „Парламентни листи“, Земан рече дека руските и кинеските вакцини треба да бидат дозволени за употреба веднаш во земјата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Даштевски ги повика партиите побрзо да се договорат за гласање со отпечаток на прст

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски изјави дека локалните избори ќе треба да се одложат за еден месец ако политичките партии до крај на март не се договорат за земање отпечатоци од прст при гласањето. „Од она што го слушаме постои политичка волја да се заврши таа работа“, истакна Даштевски. Според него, итно треба да се изгласаат измените на Изборниот законик, да се распише тендер за набавка на читачи, а потоа и меѓународен тендер поради високата сума, за што побрзо да се поврзат базите на податоци на граѓаните од МВР. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Арбер Адеми е нов координатор на пратениците на ДУИ

Пратеникот и поранешен министер за образование и наука, Арбер Адеми, е нов координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието, по оставката на Изет Меџити од оваа позиција, објави МИА, повикувајќи се на извори од ДУИ. На оваа функција Адеми е избран со потписи од сите пратеници од парламентарната група на интегративците. Извори од ДУИ велат дека потис ставил и поранешниот координатор Изет Меџити и лидерот на ДУИ Али Ахмети, објави МИА. Груби: Меџити е искусен, може да биде наследник на... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Дер Лајен: „Фајзер“ ќе достави уште 4 милиони вакцини во ЕУ

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денеска информираше дека „Фајзер“ и „Бионтек“ ќе достават дополнителни четири милиони дози од нивната вакцина во Европската Унија (ЕУ) во следните две недели за да се борат против ширењето на мутирани варијанти на коронавирус. „Со насочена употреба, таму каде што се најпотребни, особено во пограничните региони, овие дози исто така ќе помогнат да се обезбеди или обнови слободното движење на стоки и луѓе“, рече дер Лајен. Комисијата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Можна е лидерска средба за одблокирање на Парламентот

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не ја исклучува можноста за свикување лидерска средба со единствена цел – деблокирање на работата на Собранието. Заев кажа дека тој гледа два начина за одблокирање на работата на Собранието, како што рече, еден е седнување и разговарање, а другиот е помош од медиумите кои би ги претставиле пред јавноста причините за блокада, по што неаргументираните блокади би биле под притисок на јавноста да се повлечат. „Дали имаме планови да го деблокираме Собранието... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ДКСК отвори предмет за софтверот набавен од Рашковски за МВР

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска отвори предмет за набавката на софтверот за мерење просечна брзина на возилата и изрекување казни, кој за Министерството за внатрешни работи (МВР) лани во февруари го набавил Генералниот секретаријат на Владата, тогаш предводен од Драги Рашковски, а не се планира да се користи. „По изнесените информации во медиумите на денешниот колегиум отворивме предмет сметајќи дека има доволно елементи за истражување за причините за набавката на тој софтвер од една страна... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Евростат: Бугарија со највисоко ниво на криминал и насилство во ЕУ

Бугарија има највисоко ниво на криминал, насилство или вандализам во цела Европска унија, покажа најновото истражување на Евростат, според кое 20,2 отсто од луѓето кај нашиот источен сосед пријавуваат криминал, насилство или вандализам во регионите во кои живеат, пренесе МИА. Најниското ниво на криминал и вандализам во Европската унија (ЕУ) е регистрано во Хрватска – 2,7 отсто. Во 2019 година, генерално, 11 отсто од населението на 27-те земји-членки на ЕУ пријавија дека се соочуваат со некаков проблем со криминал... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Битиќи - Абазовиќ: Ни треба економија, регионот е изморен од караници

На заедничкиот регионален пазар целта е да се зајакне економската соработка, да се зголеми конкурентноста, но и привлечноста за пазарите на ЕУ. Регионална конкурентност, наместо регионална конкуренција. Ова е нашата иднина, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи, на денешната заедничка прес-конференција со потпретседателот на црногорската Влада, Дритан Абазовиќ, по средбата на која се разговарало за економската соработка помеѓу двете земји. Според Битиќи, тоа ќе ja зајакне способноста за справување со предизвиците... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Изложбата „Жените и фотографијата“ по осми пат во Куманово

Педесет фотографии со акцент на положбата на жената денес и на слободна тема се изложени на традиционалната поставка „Жените и фотографијата“, што по осми пат во организација на Фото клуб Куманово, од 5 до 17 март, се одржува во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

SlobodnaEvropa.mk 

Скопје на изјавите од Софија - аргументирано или остро?

Македонските политичари воздржано одговараат на изјавите од бугарските колеги. Поранешните амбасадори Огнен Малески и Васко Наумовски сметаат дека треба да се има балансиран и аргументиран одговор. Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин, пак смета дека ваквиот однос не носи ништо добро.

SlobodnaEvropa.mk 

Заев по објавата на „Ла Верита“: Баравме вакцини, но законски

По објавата на италијанскиот весник „Ла Верита“, дека, како што пишува весникот, „Кина го вратила македонскиот аванс за ковид вакцините поради фантомска фирма посредник“, премиерот Зоран Заев, денеска изјави дека „се правело се за да се обезбедат вакцини, но ништо со лоша намера или незаонско“. Тој денеска потврди дека со министерот за здравство Венко Филипче преку посредници сакале да ги набават 200-те илјади кинески вакцини на Синофарм, па им бил вратен авансот, но „целта им била да се најде начин како побргу да се стигне до вакцините“. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Стојков- односот на македонската влада кон Бугарија, обесхрабрува

Стојко Стојков, од здружението на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин вели дека односот на македонските владини претставници кон бугарските провокации поттикнува агресивен пристап од бугарските политичари.

SlobodnaEvropa.mk 

Во САД почна судењето на полицаецот за убиството на Џорџ Флојд

Судија од Минесота започна процес на распоредување порота во судењето на Дерек Шовин, поранешен полицаец во Минеаполис, кој се соочува со обвиненија за убиството на Џорџ Флојд, за време на апсењето во мај минатата година. Шовин, белец, е обвинет за извршено убиство од втор степен кога за време на апсењето клечеше на вратот на афро-американецот Флојд, скоро девет минути, како што е прикажано на видеото од тој настан. Убиството на Флојд предизвика протести ширум Соединетите држави, но и низ целиот свет... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Не е само софтверот за МВР, Владата ѝ исплатила на „Инвока“ околу 400 илјади евра

Без веб страница и контакт информации, информатичка фирма работи на одржување на софтвери за потребите на македонската Влада. За сервисирање и набавка на софтвер, македонските институции на Инвока Гроуп во изминативе три години ѝ исплатиле речиси 400 илјади евра.

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот ковид сој се проширил во 111 земји, а јужноафриканскиот во 58

Позната по својата поголема заразност, мутацијата на коронавирусот VOC 202012/01, првично пронајдена во Велика Британија, е пронајдена во уште пет земји за една недела и нивниот број достигна вкупно 111, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Географијата на ширењето на мутацијата 501Y.V2, пронајдена во Јужна Африка, се прошири во 58 земји, а видот П.1, кој првично беше идентификуван во Бразил и Јапонија, сега е распространет во 32 земји, информира СЗО. Според истражувањата... Читать дальше...


МЧС: пожар в автосалоне на севере Москвы локализовали

«Дикая мята» представила полный гид по фестивалю

На ПМЭФ прошла дискуссия протагонистов музыкального бизнеса

Метеоролог Позднякова: в Москве на неделе пройдут дожди с грозами и похолодает



Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

МЧС: в Москве локализовали пожар в автосалоне на площади 200 кв. м

Суд поддержал решение УФАС о признании нарушений АО «Мособлгаз»

Туристический кластер «Санкт-Петербург Марина» в Петербурге обеспечат транспортной инфраструктурой

Победителей конкурса рисунков наградили в Котельниках

Музыкальные новости

В день 225-летия А.С. Пушкина преподаватели ФСТ провели конференцию по вопросам сохранения культурного наследия России

В Подмосковье сотрудники Росгвардии спасли пожилого мужчину, который оказался один дома и плохо себя почувствовал

Руководители подразделений электромашинного дивизиона Желдорреммаш прошли обучение в рамках развития производственной системы TOS

Клиники «Будь Здоров» — в лидерах рейтинга лучших клиник 2ГИС

Новости России

«Дикая мята» представила полный гид по фестивалю

Рейтинг регионов: Петербург на втором месте по социально-экономическому развитию

Bloomberg: в ближайшее время рынок будет гадать, ...

МЧС: пожар в автосалоне на севере Москвы локализовали

Экология в России и мире

Новые электрические щетки Revyline RL 085 Black доступны в филиале марки в Ставрополе

Уникальный интерактивный проект Ставропольской психиатрической больницы на выставке-форуме «Россия»

Жители Барнаула помогут сделать родной город чище

LISA FM Александр Белоносов выпустил альбом «Родина Сердца: Дневник Психолога»

Спорт в России и мире

Испанец Карлос Алькарас выиграл Открытый чемпионат Франции по теннису

Зверев сыграет с Алькарасом в финале "Ролан Гаррос"

Ига Свентек в четвертый раз выиграла Открытый чемпионат Франции по теннису

Андреевой предрекли борьбу за топ-10 рейтинга WTA в текущем сезоне

Moscow.media

Роман Старовойт выразил готовность оказывать дальнейшую поддержку в строительстве Ленского моста в Якутии

Об отношении к русским в Азербайджане

Российский астроном рассказал о редком солнечном событии

Портативный сканер штрих-кодов Heroje H133U на базе CMOS-матрицы







Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *