Могерини: Северна Македонија и Албанија сработија, сега ЕУ е на ред
„Тие го сработија своето и сега ЕУ треба да го исполни својот дел“, рече Могерини.
На прашањето дали во јуни Северна Македонија ќе добие зелено светло за преговорите, Могерини истакна дека нивата порака е јасна.
„Двете земји се подготвени. Дискусиите сега се во земјите- членки дали тие се подготвени за отпочнување на преговорите. Тоа е комплициран процес. Не значи дека утре ќе влезат во ЕУ. Но, Северна Македонија и Албанија се подготвени за преговори“, посочи Могерини.
Еврокомесарот Јоханес Хан истакна дека препораката на ЕК е кристално чиста. Тој посочи и дека не може да предвиди колку брзо земјите- членки ќе донесат одлука, но е во интерес на ЕУ, тоа да се случи што поскоро за да се испрати сигнал до регионот дека е награден за сработеното.