КФОР: Србија беше информирана за акцијата на косовската полиција
Портпаролот на Меѓународните сили во Косово (КФОР), полковник Виченцо Грасо денеска изјави дека властите на Србија предвреме биле информирани за вчерашната полициска акција во северно Косово и дека „немало изненадување“.
Тој додаде акцијата била со цел спроведување на владеењето на правото и дека не била поврзана со мандатот на КФОР. Грасо оценува дека „во овој момент мирот во Косово е најзагрозен од реториката и пропагандата, понекогаш и од лажните изјави“.