Вучиќ против тврдењата на КФОР за полициската акција во Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска реагираше на тврдењето на КФОР дека властите на Србија биле предвреме информирани за вчерашната полициската акција во северно Косово. Според него, претставниците на меѓународната заедница во Приштина „не ја говорат вистината“.
Тој додаде дека српската страна од разузнавачки извори знаела оти се подготвува нешто такво и потсети дека за ова зборувал во јавноста пред повеќе од десет дена. Портпаролот на Меѓународните сили во Косово (КФОР), полковник Виченцо Грасо денеска изјави дека властите на Србија предвреме биле информирани за акцијата и дека „немало изненадување“.