Жбогар: Земјата ја искористи шансата и ја спроведе амбициозната агенда
Според него, еврокомесарот Јоханес Хан кажал јасно дека земјата ја искористила шансата што и била понудена и ја спровела поставената амбициозна агенда.
Земјата, како што посочи, ги исполнила сите услови и забележала резултати во повеќе области, а тоа се владеење на правото, судството, борбата со корупцијата и организираниот криминал, реформа на јавната администрација, реформа на разузнавачките служби и на јавната администрација. Дополнително, посочи Жбогар, беше постигнат и историскиот Договор од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија.