Пописот ќе се одржи во април наредната година и ќе чини 8,5 милиони евра
Целата статистичка операција, што се спроведува по 16 години, ќе чини 8,5 милиони евра. Во пописот на населението, домаќинствата и становите ќе бидат ангажирани околу 6.000 лица, од кои 5.000 попишувачи, 500 реонски инструктори, 200 државни инструктори и членови на пописните комисии. Целата територија на државата ќе биде поделена на 45 пописни реони.