УНМИК тврди дека уапсениот Русин на Косово бил на должност
УНМИК на Косово не го коментира барањето за укинувањето на имунитетот на рускиот вработен во оваа институција, зашто се работи за тековен случај, а процедурата е дека за таквите барања одлучува генералниот секретар на ОН.
Обвинителството во Митровица побара укинување на имунитетот на рускиот државјанин Михаил Краснишчеков кој вчера беше приведен во полициска акција на барикадите кои оневозможувале поминување на полицијата. Русинот се сомничи за „попречување на службено лице во вршење на службената должност“ и „учество во група која извршило кривично дело хулиганизам“. По неколку часа тој беше ослободен.
УНМИК тврди дека тој бил приведен додека ја извршувал својата должност „надгледување и известување за ситуацијата“.