Трамп и Ердоган ќе се сретнат на Самитот Г-20 во Јапонија
Турскиот и американскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Доналд Трамп се договориле да се сретнат на маргините на Самитот Г-20 кој ќе се одржи во Јапонија на 28 и 29 јуни. Директорот за комуникации на Ердоган, Фахретин Алтун денеска на Твитер објави и дека Ердоган понудил формирање заедничка група за надминување на проблемите во односите меѓу двете земји, по објавувањето на турските намери за набавка на руски ракетен систем С-400. Претставниците на САД по тоа соопштија дека тоа може да ја загрози турската набавка на американски авиони ловци Ф-35 и да доведе до санкции против Турција од страна на САД.
Ердоган исто така го поздравил намалувањето на дополнителните американски царини за турскиот челик. Трмап ги зголеми царините од 25 на 50 отсто во август поради спорот со Турција околу затворањето на американски свештеник.