Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Декабрь
2022

Новости за 01.12.2022

SlobodnaEvropa.mk 

Пенов гледа политичка позадина во протестите на приватните превозници

Протестите на приватните автобуски превозници во Скопје имаат политичка позадина, но Владата сепак мора да посвети внимание на тој проблем, изјави министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. „Овој тип на блокади заради економски долгови испишуваат политичка позадина, сите можеме да го видиме „Гласот на светлината“ од 2005 година, бидејќи за, не знам, милион евра долг, страдаат сите скопјани и сите што доаѓаат во Скопје, тоа е неразумно, рече Пенов гостувајќи во вечерашната емисија „Вин Вин“ на телевизија Телма... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Спасовски: Има осомничени за дојавите за бомби во скопските училишта

Имаме веќе лица кои се осомничени за лажните дојави за поставени бомби во училишта и веднаш по потврдувањето на овие факти ќе работиме заедно со Обвинителството, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.   Тој појасни дека речиси сите електронски испратени пораки се исти, иако „има варијација на тема во однос на оваа активност“. „ Најавив дека истрагата во овој дел е сосема при крај, се очекуваат потврди на одредени факти, а тоа се многу важни детали. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ерменија и Унгарија ќе ги обноват дипломатските односи по 10-годишна суспензија

Ерменија и Унгарија се договорија целосно да ги обноват дипломатските односи прекинати во 2012 година, откако Унгарија го екстрадираше во Баку азербејџанскиот воен офицер Рамил Сафаров. Сафаров во тоа време отслужуваше доживотна затворска казна во Унгарија поради убиство со секира на ерменскиот офицер Гурген Маргаријан во 2004 година за време на курсевите за обука на НАТО. Ерменија против одлуката на Азербеџан да помилува осуден војник Ерменското Министерство за надворешни работи на 1 декември... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Лажни се дојавите за бомба во скопските основни и средни училишта

Лажни се дојавите за бомби во двете основни училишта, и девет  средни училишта потврдуваат од МВР. Во вкупно 11 скопски училишта денеска беа евакуирани учениците и вработените од кои девет средни и две основни училишта по дојави за поставена бомба.  Дојавите за поставени бомби биле испратени на електронските пошти на средните училиштата „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Панче Арсовски“, „Никола Карев“, „Владо Тасевски“, „Михајло Пупин“ и „Цветан Димов“. Евакуирани... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Владата се откажа од прогресивното оданочување

Се укинува концептот на прогресивно оданочување што требаше да стартува од први јануари и продолжува примената на оданочување на остварениот доход со единствена стапка од 10 отсто. Ова го изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, на прес-конференција за Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025). Ковачевски најави поправеден даночен систем и еднаков третман на сите даночни обврзници, но и данок на екстра профит за големите компании. Премиерот изјави дека нема да се зголемат ниту на другите даноци... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

РСЕ го осудува потегот на Талибанците за замолчување на независните медиуми

Талибанците денеска ја отстранија програмата на Радио Слободна Европа/Радио Слобода (РСЕ/РЛ) од мрежите за пренос на радио во Авганистан. РСЕ ја осуди одлуката на владата во Авганистан предводена од Талибанците да го прекине емитувањето во 13 авганистански градови и најави дека ќе продолжи да емитува програма надвор од земјата и покрај потегот. Претседателот и извршен директор на РСЕ, Џејми Флај изјави дека Радио Азади е спас за десетици милиони Авганистанци, што ја прави одлуката на Талибанците уште потрагична. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ескобар: Ќе се спроведе одлуката за формирање Заедница на српски општини

Одлуката за формирање Заедница на српски општини (ЗСО) на Косово ќе биде спроведена. Ова го изјави денеска специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар на онлајн-конференција организирана од Атлантскиот совет. Тој изјави дека тоа е една од обврските во рамките на дијалогот меѓу Србија и Косово под покровителство на Европската унија (ЕУ). „Тоа е правно обврзувачка одредба. Тоа е правно обврзувачко за Србија, за Косово и за ЕУ, и токму затоа што го поддржуваме дијалогот, тоа е и наша обврска. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Уставен суд одлучи: Недела е неработен ден и времена мерка за ДУП во општина центар

Недела ќе остане неработен ден, пресече денеска Уставниот суд. Судиите ја отфрлија иницијативата на Стопанската комора која го оспоруваше законот во кој се уредува правото на работниците да не се работи во недела, освен во дејностите кои се исклучок. Според Уставниот суд неосновани се наводите на Комората. Уставниот суд денеска одлучи да го укине членот од Законот за социјална заштита во делот „најдоцна до 65 годишна возраст“ кој оневозможуваше лицата со попреченост над 65 години да остварат право на надоместок поради попреченост. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Контејнер со контамирана земја од Охис замина за Германија

Контејнер со контаминирана земја ископана од малата депонија со линдан во Охис денеска тргнува за Германија. Ова го изјави министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини  откако направи обиколка на локацијата во „Охис“ каде што е спакувана контаминираната земја од малата депонија. По комплетирањето на сите потребни дозволи за извоз, компанијата „Polyeco“ денеска го почна транспортот на 126 тони земја контаминирана и спакувана во седум контејнери. Крајна дестинација на контаминираната земја е Германија... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Евакуирани осум скопски училишта по дојави за поставена бомба

Во осум скопски средни училишта денеска се евакуирани ученици поради нови дојави за поставени бомби. За прв пат пристигнала и дојава за поставена бомба во основното училиште “Петар поп Арсов”. Основното училиште во Карпош е евакуирано, а како и во останатите училишта, полицијата врши проверки. „На 01.12.2022 година околу 15:20 часот добиена е пријава и од едно основно училиште дека на електронската адреса на училиштето стигнала закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Брисел е длабоко загрижен поради неусогласувањето на Србија со надворешната политика на ЕУ

Европската унија е длабоко загрижена поради назадувањето на Србија во однос на усогласувањето со европската надворешна политика, се наведува во нацрт-заклучоците што треба да бидат усвоени на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ во декември 13 „Советот (ЕУ) длабоко жали за назадувањето на Србија во усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, особено поради неусогласувањето со санкциите на ЕУ против Русија и Белорусија, како и нејзините надворешнополитички дејствија спротивни на заедничкиот пристап на ЕУ“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ФИФА дозволи транспаренти за поддршка на иранските демонстранти на Светското првенство

ФИФА даде дозвола за истакнување на транспаренти за поддршка на протестите во Иран и на предмети со бои на виножито на фудбалскиот турнир на Светското првенство во Катар - откако оваа земја од Блискиот Исток беше елиминирана од натпреварувањето. Од почетокот на Светското првенство на 20 ноември, персоналот за обезбедување на стадионот организиран од катарските власти конфискуваше предмети со бои на виножитото и слогани како „Жени. Живот. Слобода“. Спорт и политика - Пет „сензитивни“ натпревари... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Скопскиот автобуски превоз како кула од карти

Откако градот ги раскина договорите со двата приватни превозници, сите линии сега ги вози ЈСП. Автобусите се нередовни и преполни, а турканиците се големи. Приватниците бараат исплата на долгот кон нив, од Градот пак најавуваат нови индивидиуални договори со приватните автобуси.

SlobodnaEvropa.mk 

Ако се извиниме, Мијалков ќе ни прости што нè прислушувал

Како што тргнале работите, ќе треба да му се извинуваме на Мијалков што нè прислушувал, коментираат граѓаните на социјалните мрежи, откако Апелациониот суд Скопје пред неколку дена ја укина првостепената пресуда од 8 години затвор во случајот Трезор за набавката на опремата за прислушување.

SlobodnaEvropa.mk 

Утре делумна блокада на „Илинденска“, в понеделник целосна на три крстосници

Приватните превозници утре од 6 часот наутро со 200 автобуси ќе го блокираат булеварот Илинден од пред Владата до крстосницата кај МИ-ДА. На тој потег се наоѓа седиштето на Град Скопје. Приватните автобуси од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ кои беа дел од јавниот превоз во главниот град утре ќе го блокираат сообраќајот на десната лента од Илинденска, најави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски на прес-конференција. Советот на Град Скопје без одлука за проблемот со приватните автобуски... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трговците тактизираат со снижување на цените на прехранбените производи

Лебот ќе поевтини само тоа нема да биде денеска, туку во текот на месецот. Во повеќето продавници цената на зејтинот е веќе намалена. Цените на месото пак се условени од укинување на давачките на увезените суровини, а во некои маркети има минимално намалување на цената на млекото. Од Пазарниот инспекторат најавуваат засилени контроли на терен и казни за трговците кои нема да ја почитуваат одлуката на Владата за намалување на цените

SlobodnaEvropa.mk 

ХРВ: Унгарската влада злоупотребила лични податоци за политички кампањи

Унгарската десничарска влада ги злоупотребила личните податоци за време на кампањата за изборите годинава, поткопувајќи ја приватноста и нарушувајќи го политичко поле за игра во корист на владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан, се вели во извештајот на Хјуман рајтс воч.

SlobodnaEvropa.mk 

Талибанците го прекинаа емитувањето на РСЕ во Авганистан

Талибанците го прекинаа емитувањето на медиумите финансирани од САД, вклучително и Радио Слободна Европа, повикувајќи се на поплаки за содржината. Абдул Хак Хамад, официјален претставник во Министерството за информации на талибанците, денеска објави на Твитер дека емитувањето на радиото Азади на РСЕ е прекинато во 13 градови. Гласот на Америка соопшти дека неговите преноси, исто така, биле укинати. Една година по доаѓањето на власт, Талибанците се во Авганистан за да останат Хамад рече дека потегот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во Косово, сопруг убил бремена жена во болнички двор

Бремена жена на 35-годишна возраст е убиена синоќа од нејзиниот сопруг пред клиниката за гинекологија на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, каде што била примена во очекување наредните денови да се породи. Како што јавија косовските медиуми, повикувајќи се на извори од државната болница и од надлежните органи, жената, која била во 41-та недела од бременоста, била застрелана од сопругот, 31-годишниот Сокол Халили, со три куршуми од пиштол, при што не преживеало ниту бебето што го носела. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Хаким Џефрис - нов лидер на демократите во Претставничкиот дом на САД

Демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа го избраа Афроамериканецот Хаким Џефрис за нов лидер, имајќи предвид дека долгогодишниот лидер на демократите во Долниот дом на Конгресот, Ненси Пелоси реши да се повлече од функцијата, заедно со нејзиниот тим. Хаким е првиот Афроамериканец кој води голема политичка партија во Конгресот. Републиканците освоија мнозинство во Претставничкиот дом на САД Демократите покажаа ретко единство по нивните загуби на неодамнешните среднорочни избори во Претставничкиот дом... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Бектеши: од денеска прехранбените производи треба да се нудат со намалени цени

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува од денеска да почне намалувањето на цените на одредени прехранбени производи поради одлуката на Владата со која производителите на храна ќе добијат субвенционирана цена за електричната енергија. Бектеши за ТВ 21 појасни дека од денеска производителите на прехранбени производи ќе треба да им понудат на маркетите нови намалени цени, но дека треба да се има предвид и фактот дека маркетите имаат залихи од претходно. Пад на цената на зејтинот, „Брилијант“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска: облачно со врнежи од дожд

Облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег каде снежната покривка ќе се зголеми. Наместа и особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи од 2 до 9 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 6 степени.




Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *