Босански ветерани бараат забрана за одбележување на Денот на Република Српска на 9 јануари
Ветераните и невладините организации, како и Здружението на жртвите од војната во Сараево денеска јавно побараа забрана за одбележување на Денот на Република Српска на 9 јануари. Тие на прес конференција побараа полицијата да постави контролни пунктови меѓу Кантонот Сараево и ентитетот Република Српска во периодот од 7 до 10 јануари. Тие бараат полицијата да контролира и „сомнителни возила“ и да ги одземе знаците кои ја нарушуваат безбедноста, внесуваат немир и недоверба кај граѓаните на Сараево. Читать дальше...