Алијанса за Албанците избра раководни тела, партиска комисија ќе одлучува за влезот во Влада
Алијанса на Албанците во наредниот период ќе разговара за евентуално вклучување на партијата во Владата. Централното собрание го овласти претседателството на Алијансата за Албанците да формира комисија која во следните денови ќе разговара на оваа тема, соопшти претседателот Арбен Таравари по завршување денешното централно собрание на партијата. Тој посочи дека имале плодна дискусија, дел од членовите биле за, дел против, па раководството на партијата ќе треба да ја донесе конечната одлука. ... Читать дальше...