Помпео во посета на Германија
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска ќе престојува во Берлин, посета која претходно во текот на овој месец ја откажа. Американската администрација ги наведе „меѓународните безбедносни прашања“ како причина за откажувањето на посетата на Помпео на Берлин, која првично беше закажана за 7 мај. Помпео тогаш замина за Багдад да се сретне со ирачките лидери. Помпео, за време на постета треба да разговара со канцеларката Ангела Меркел и со шефот на дипломатијата Хајко Мас.