Се очекува и по овие избори да доминира коалицијата на Алиев. Кандидирањето на наследници на пратениците од власта, кои се борат да ги заменат нивните татковци на парламентарните избори, би можело да претставува доаѓање на сосема нова генерација во азербејџанската елита, која му е должник на актуелниот шеф на државата.
Наставниците нема да штрајкуваат иако нема ветување за повисоки плати. За сега се преговара, но не е исклучена и оваа можност. СОНК и остава можност на министерката да излезе со предлог до средина на септември, а тврди дека до сега не добиле никаков одговор освен дека нема пари во буџетот.
Претседателот на СОНК за РСЕ ги коментираше изјавите на министерката за финансии дека имало превисоки плати во културата, која ги спореди со оние во образование. Порача дека е непримерна споредбата и очекува покачување во образование. Се надева дека ќе се реши проблемот со високиот број наставници.